Жичарницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надоле, информираат од ЈСП- Скопје.

Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси.

Од недела (1.10.2023 год), линијата 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) ќе сообраќа по есенски режим на работа, додаваат од ЈСП.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.