По реакциите на социјалните мрежи за концертот на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на настапот во Скопје го развеаа македонското знаме и ја испеа „Бисер Балкански“, со свој став се огласи и нашата позната актерка Весна Петрушевска.

Си реков да одморам малку од постојано учење,читање, подготовки за претставата која ќе ја режирам….отварам вести: Карлеуша, гаќи, знаме, Саша Ковачевиќ (секогаш внимателно читам се што ќе отворам и не само наслови).

 

Па да ве прашам најискрено:

 

Дали немате попаметна работа?

 

Дали знаете дека има секојдневно насилство помеѓу врсници?

 

Дали знаете дека број еден смртност од рак во Македонија е рак на дојка?

 

Дали знаете дека немаме систем кој се грижи за децата со ментално здравје? (фала на себеси и на мојата работливост,храброст и едукација,па моите деца се во странство да не мора до крај на живот да страдам и да умирам од булингит кој го поднесуваа)

 

Дали знаете дека нема лекови?

 

Дали знаете дека од ден на ден стануваме земја на стара популација?

 

Дали знаете дека насмевката е најскапото нешто во Македонија?

 

Дали знаете дека уметниците во Македонија се ретки зверки?

 

Дали знаете дека имаме најскапа струја?

 

Дали знаете дека нема шоу бизнис одамна ниту пак сцена, а вие сте запнале за некој кој регуларно продал карти?

 

Дали знаете дека умира тв етерот и станувате заложници на лажни вести,профили на социјално мрежи и лигавење на истите од страна на разни појави?

 

Дали знаете дека преживуваме?

 

Сега може слободно повторно да се дразните со „големите проблеми” во вашиот живот.

 

Отидов да се бавам со мојата најголема љубов, театарот. Да сте живи и здрави!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.