Оваа власт на СДСМ-ДУИ, верувајте, е нај лошата власт која што владеела со Република Македонија од нејзината независност. Тоа се факти, тоа се мерливи бројки кои што може да се измерат и граѓаните сето тоа го гледаат, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Александар Велјановски.

Тој во емисијата „Патот кон“ истакна дека секое обединување на партиските субјекти за смена на актуелната власт, не само што е легитимна туку и потребна затоа што државата ја донесоа во многу лоша состојба, лошо се справи и со пандемијата на Корона вирусот, а и лошо ја менаџира и енергетската криза.

Видовме една целосна неорганизираност на власта. Да се навратиме само на тоа како поминавме со здравствената криза, каде што повеќе од осум илјади граѓани го изгубија својот живот. Понатаму со енергетската криза, сека очекуваме повторно зголемување на цената на електричната енергија. Државата се повеќе ни се задолжува додека блиски преставници на ДУИ отвараат фирми преку кои треба да поминат овие пари. И што остави ДУИ позади себе, за жал не многу и токму заради тоа мислам дека е легитимна цел, не само на Билал Касами туку и на сите политички партии да се обединат за да ја сменат оваа власт, рече Велјановски.

Во однос на повикот за обединување на албанските политички партии на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами за на престојните парламентарни избори ДУИ да ја испратат во опозиција, рече дека тоа е оправдано затоа што ДУИ 20 години е на власт но не видовме дека работи за доброто на граѓаните.

Додаде дека обединувањето треба да е за целосна промена на актуелната власт, затоа што над 70 проценти од македоските граѓани сметаат дека раководењето на државата се движи во лош правец.

Го слушнав повикот за обединување на албанскиот блок и сметам дека е коректен повик и дека тој повик е насочен кон создавање на една поголема маса на политички субјекти кои што ќе имаат поголема моќ за да настапатсплотено против актуелната власт. Сметам дека е легитимна цел на претседателот на Беса да ги повика сите субјекти, затоа што не смееме да избегаме од фактот дека ДУИ е 20 години партија на власт. Така да, не може едноставно да се апстрахира од сите случувања кои што се во државата. Раководењето со државата е многу лошо, поќе од 70 проценти од граѓани сметаат дека државата се движи во лош правец. Имавме ситуации во кои што ДУИ, како составен дел од власта можеше да покаже дека навистина се грижи за интересите на граѓаните. Но, такво нешто не видовме, рече пратеникот Александар Велјановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.