Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.
„Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (со закон). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме“, посочи Резников во изјава за Би-Би-Си.Тој посочува дека тоа е факт и смета дека неговото тврдење нема да биде сфатено како спорно.
Резников доадде дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.
„Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО“, додаде Резников.
ЗборувајÑ �и за ситуацијата во Соледар, за која руските сили тврдат дека ја контролираат, Резников рече дека е „многу тешка“, но „под контрола“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.