Свесен сум во каква ситуација влегувам. Министерството има свои ингеренции кои ги има во законските акти, под него спаѓаат судството, обвинителството, затворите, нотарите – вели министерот за правда Никола Тупанчевски во Утрински Брифинг.
Министерот напомена дека изминатите денови имал средба со директорот на службата за матична евиденција, со кој се разговарало за системски да се олесни издавањето на извод, венчаница, посмртница.
Не треба да сте некој аналитичар за да се одреди дефектот, аномалијата во таа институција. Разговарав со директорот ставивме рокови кога треба да се извршат промените.За мене беше непоимливо дека нема кај да се јавите за да добиете информација. Почнуваме со реализација, фигуративно да личиме на западниот свет во вистинска смисла на зборот.Тоа не е нерешливо постои компонентии кои треба да се реализираат – вели Тупанчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.