Претседателот на Русија Владимир Путин имаше обраќање до целиот свет на форумот за дискусија „Валдаи“.
Главната цел беше да му помогнеме на Донбас, а кога нашите војници се приближија до историска Новорусија, моравме да одговориме на аспирациите на локалното население, коментира Путин за планот за специјална операција.
Според него се додека постои нуклеарно оружје, секогаш постои опасност од нивна употреба, рече рускиот претседател.
– Не ни треба нуклеарен напад врз Украина, нема смисла – ниту политички ниту воен, вели Владимир Путин.
Според Путин,Киев сега прави се за да ги прикрие трагите од подготовката на „валканата бомба“, изјави рускиот претседател.
– Немаше воена цел САД да користат нуклеарно оружје против Јапонија – тие го направија тоа затоа што мислеа дека тоа е во нивен интерес, рече Владимир Путин.
Тој смета дека Русија морала да направи нешто со Донбас.
Мораше да реши нешто, но признавањето на независноста и напуштањето беше неприфатливо. Независен Донбас не би опстанал без негово вклучување во Русија, вели Путин.
– Цело време мислам на загубите за време на специјалната воена операција, вели рускиот претседател-додава претседателот.
Путин одговори негативно на прашањето дали чувствува дека непријателот во Украина е потценет.
„Делумно – да“! .
– Украина историски еволуираше како вештачка држава. Единствениот вистински гарант на суверенитетот на Украина може да биде само Русија, која го создаде, рече Владимир Путин.
Според Путин, Русија нема намера да стане хегемон. Таа не се смета себеси за непријател на Западот.
„Во сегашните услови на жестоки конфликти, ќе кажам некои работи отворено: Русија, како независна, самодоволна цивилизација, никогаш не се сметала себеси и не се смета за непријател на Западот. Америкафобија, англофобија, франкофобија, гермафобија – тоа се истите форми на расизам како русофобијата и антисемитизмот, како и сите манифестации на ксенофобија“, рече Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.