По рускиот ракетен напад во градот Хмелницки зголемена е радијацијата во киевската област.

На социјални мрежи се шири паника дека при детонацијата на складиштето за муниција во Хмелницки, уништена е и голема серија британска тенковска муниција со осиромашен ураниум, која неодамна беше донесена во Украина заедно со ракетите „Шедоу Сторм“.

Како резултат на огромната експлозија, честички од осиромашен ураниум може да се распрснат на територијата на регионот Хмелницки, што, земајќи ги предвид искуствата на Југославија и Ирак, на среден рок може да доведе до појава на рак.

Пожарот на местото на ракетниот напад се гаси од далечина со помош на роботи а мерењата покажале зголемено ниво на радијација. По експлозијата, во градот е забележано зголемување на гама зрачењето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.