Американскиот претседател Џо Бајден синоќа повторно му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да продолжи со воена акција во Рафа без кредибилен и спроведлив план за заштита на палестинските цивили, соопшти Белата куќа.
Двајцата лидери синоќа разговараа по вторпат за помалку од една недела, при што Бајден повторно го предупреди Нетанјаху да не започнува операции во јужниот дел на Газа без безбедносен план за околу еден милион луѓе кои се засолниле таму.
„Тие, исто така, разговараа за тековните преговори за ослободување на заложниците, при што Бајден вети дека ќе продолжи да работи деноноќно за да им помогне на луѓето кои поминале 132 дена во заробеништво на Хамас“, соопшти Белата куќа.
Претходно овој месец, Бајден рече дека воениот одговор на Израел во Газа е „претеран“ и изрази голема загриженост поради се поголемиот број цивилни жртви во палестинската енклава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.