Во Германија е забележано зголемување на бројот на кражби на горива на бензинските пумпи.
Тенденција на пораст на случаите на кражби на горива е регистрирана и минатата година, односно и пред цената на дериватите драстичното да се зголеми поради кризата во Украина.
Германското списание „Билд“ објави податоци дека лани во земјата се регистрирани 5.800 случаи на кражби на горива, што е за 70 проценти повеќе во споредба со 2020 година.
Независно што речиси сите бензински пумпи во Германија се покриени со постојан видео-надзор, се поголем е бројот на возачи што се дрзнуваат да го наполнат резервоарот на своето возило и да заминат без да платат.
Полицијата нема објаснување за таквата појава.
Само последниот месец снимивме дури десет такви дела, ја пренесува „Билд“ изјавата на Гинтер Фридел, шеф на Здружението на бензински пумпи во Баварија, што е значително повеќе во споредба со 2021 годна кога тој број не надминувал шест случаи месечно.
Истовремено е регистриран намален број кражби на автомобили, додека е зголемен бројот на кражби на автоделови. Најчесто мета на крадците се катализаторите на возилата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.