При денешниот земјотрес што го го погоди источниот дел на Тајван, во Јули се урна продавница, а спасувачите спасија повозрасна брачна двојка.
Спасувачите се обидуваат од под урнатините да извлечат 39-годишна жена и нејзината петгодишна ќерка.
При земјотресот три лица паднале од мостот Гаолоаи. Тие се спасени и се хоспитализирани.
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван, само еден ден по земјотресот од 6,8 степени.
Земјотресот бил на длабочина од седум километри, а епицентарот бил на околу 42,7 километри северно од округот Тајтунг, источен Тајван.
По вчерашниот силен земјотрес имало повеќе последователни потреси, од кои некои биле со интензитет од 5,6 и 5,9 степени што предизвикале помала материјална штета.
Тајван на 21 септември 1999 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над 2.400 луѓе.
7.2 Earthquake Hits Taiwan#Earthquake #Terremoto #Taiwan
Long Version:https://t.co/MtgQ0FYFs9 pic.twitter.com/XYprCPFwRP— Fish News (@FishNewsChannel) September 18, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.