Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот, што се случил во 16 часот и 5 минути бил четири километри оддалечен од градот Умбертид.

Од ЕМСЦ додаваат дека дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри.

Првично нема информации за штети или евентуални жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.