Дваесет и едно лице се повредени, а 126 згради се урнаа по земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што ја погоди во неделата источната кинеска провинција Шандонг, објави државната телевизија CCTV.
Според Кинескиот сеизмолошки центар, земјотресот, на длабочина од 10 километри, го погодил округот Пингјуан во градот Дежоу во 2:33 часот по локално време. Кинеската железничка група суспендираше некои железнички линии, вклучително и железницата Пекинг-Шангај и железницата Пекинг-Коулун како одговор на земјотресот, објави CCTV.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.