Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари.
Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри.
Засега нема информации за причинета штета или за повредени лица.
Според официјалните податоци, бројот на жртвите во разорните земјотреси во земјата на 6 февруари е повеќе од 50 илјади, а повредените се околу 115 илјади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.