Централна Италија ја погоди земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот бил на осум километри од градот Мачерата, додека земјотресот се случил на длабочина од два километри неколку минути по полноќ.
На крајот на јануари северот на Италија го погоди уште еден земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 23 километри од градот Римини, а се случил на длабочина од 10 километри.
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужен Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Како што е наведено на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 112 километри од Бандар Абас. Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.