Голем број земји од ЕУ ќе го поддржат чешкиот предлог за набавка на 800.000 гранати за потребите на вооружените сили на Украина.
Францускиот претседател Макрон, кој на 5 март замина на преговори во Прага, би можел да ја соопшти оваа одлука до крајот на неделата, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори.
Според еден од соговорниците на агенцијата, набавката на муниција нема да се финансира со помош на ЕУ фондови – како што е Европскиот фонд за мир – туку преку билатерални придонеси од земјите учеснички. Самата Чешка ќе го преземе процесот на набавка.
Чешката иницијатива е поддржана од Германија, Холандија, Данска и Франција. Конкретно, Холандија веќе вети дека ќе обезбеди 100 милиони евра за овие цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.