Неколку земји од ЕУ предлагаат да се ограничи пристапот на Русија до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во случај на наводна планирана инвазија на Украина, јави Фајненшл Тајмс, кој имал увид во документот.

Според весникот, станува збор за замрзнување на пристапот на Русија до СПВ – специјални права на влечење, кои се пресметковна единица на ММФ. Весникот посочува и дека пакетите санкции што ги подготвија САД и ЕУ може да ги погодат најголемите руски банки. Се разговара и за можноста Русија да се исклучи од SWIFT, меѓубанкарскиот систем за пренос на информации и плаќање.

Во август минатата година, ММФ одобри еквивалент на 650 милијарди американски долари СПВ за своите земји-членки за да им помогне да се опорават од ефектите од пандемијата на коронавирус. Русија тогаш доби квота од 12,3 милијарди СПВ од фондот, што во тоа време изнесуваше 17,5 милијарди долари.

Претходно рускиот извршен директор на ММФ, деканот на Одборот на директори на организацијата Алексеј Можин во интервју за ТАСС изјави дека овие средства се наменети пред се за сиромашните земји и нивната употреба е крајно ограничена. Тој објасни дека „земјите со ниски приходи ќе можат да ги користат овие СПВ за да ги вратат своите долгови кон фондот; тие исто така ќе можат да ги заменат за вистински пари“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.