Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го посети Киев, каде што имаше средба со украинските претседател и премиер, Володимир Зеленски и Денис Шмихал.
По тој повод, Зеленски на шефицата на ЕК ѝ го врачи орденот Јарослав Мудриот.
Ова е голема чест. Го прифаќам одликувањето во име на сите граѓани на ЕУ и како симбол на нашите силни односи – напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Украина во јули и официјално доби статус на земја-кандидат за влез во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.