Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќно видео-обраќање изјави дека украинската армија заземала повеќе од 2.000 квадратни километри територија од почетокот на контраофанзивата овој месец.

Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија, од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија – изјави Зеленски.

Тој посебно им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков“ и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија“.

Русија претходно најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски го нарече бегството на руската армија добра одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.