„Војната доаѓа во Русија, во нејзините стратешки центри и воени бази“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако
беспилотно летало погоди деловен кварт во Москва.
Војната постепено доаѓа „на територијата на Русија, во нејзините културни центри и воени бази и тоа е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање на маргините на посетата на Ивано- Франкивск на западот на земјата.
„Украина станува сѐ посилна“, додаде тој.
Русија утрово објави дека одбила два одделни напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта. Целта на едниот дрон бил анектираниот полуостров Крим, а на другиот Москва.
Во руската престолнина, чиј меѓународен аеродром накратко беше затворен, лесно беа оштетени две канцелариски кули во главниот деловен кварт.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот на Москва учествувале три беспилотни летала, од кои едното било соборено, а останатите две биле „неутрализирани со електронско војување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.