Окупаторите можат само да ги тероризираат мирните луѓе. Тоа е сè што можат да направат, но тоа нема да им помогне, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со последните руски напади врз Украина.

Тој на социјалните мрежи информира дека русите ноќеска истрелале 81 проектил врз регионите на Киев, Кироворад, Дњепар, Одеса, Харков, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск, Житомир, Виниција. Нападнати биле критична инфраструктура и станбени згради.

За жал има повредени и загинати. Сочувство до семејствата, напиша Зеленски.

Тој информира дека сега сите служби работат и оти продолжува обновата на електроенергетскиот систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.