Вкупно 157 лица во Турција се приведени поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари, соопшти Генералниот директорат на турската полиција.

Во соопштението се наведува дека во рамките на овластувањата дадени со закон, Единицата за компјутерски криминал работи деноноќно.

Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на социјалните медиуми. Се верува дека објавите биле со цел да се создаде страв меѓу турските граѓани, истакнува ТРТ-Хабер.

Против 651 лице е поведена судска постапка, приведени се 157, а на 29 им е одреден притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.