Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во војната загинале 31.000 украински војници.
Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници. Не 300 илјади, не 150 илјади… Путин лаже за овие работи… Сепак, загубата за нас е голема, истакна Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев.
Тој изрази уверување дека Конгресот на САД ќе одобри нов голем пакет помош за Украина, вклучувајќи воена и финансиска помош.
Украинскиот лидер нагласи дека неговата земја има потреба од одлука за ова прашање во рок од еден месец.
Победата на Украина во војната зависи од помошта од Западот, нагласи Зеленски.
Ова е првпат Украина да го пријави бројот на загинати свои војници.
Украинскиот претседател рече и дека не може да го открие бројот на ранети украински војници, бидејќи „тоа ќе и помогне на Русија во военото планирање“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.