Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вети дека во иднина житото и другите земјоделски производи од неговата земја ќе транзитираат само преку Полска и другите земји од Европската унија.
Според него, овие земјоделски производи не смеат да го дестабилизираат европскиот пазар, во пристаништата до кои ќе пристигнат само ќе се претоваруваат и испраќаат во Африка и Блискиот Исток, а решението треба да бидат заклучени контејнери.
Претседателот Зеленски даде цврсто ветување дека во рок од една или две недели ќе биде потпишан договор за тоа дека житото и другите земјоделски производи транзитираат во заклучени контејнери. Тие ќе минуваат низ Полска само за да бидат испратени во други земји – рече портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер за приватната телевизија Полсат.
За протестите на фармерите поради украинското жито кои ги зазедоа силосите во Полска и дека препродавачите и трговците ги пуштиле на пазарите таму и во некои други земји од ЕУ, полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека не е само украинското жито виновно за падот на цените и проблемите на полските земјоделци.
Ако ги погледнеме цените пред една година, пред војната, тие беа дури и пониски од сега. На крајот на минатата година неверојатно се зголемија, потоа се намалија, но повторувам, тие и денес се повисоки од пред една година. Сепак, ја разбирам огорченоста на полските земјоделци, бидејќи би сакале да имаат цени што е можно повисоки – рече Дуда во интервју за државното радио.
Тој се заложи за заострување на контролите на украинско-полската граница, што ќе ги спречи шпекулантите, бидејќи тие се најголемиот проблем за полските земјоделци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.