Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за време на состанокот со граничарите во регионот Хмељницки, изјави дека Украина се соочува со „нова фаза“ на општа војна.

Русија сега се подготвува да го прошири својот напад. И сите ние – Украинците, војниците, државата, партнерите – мора да направиме сè за да го нарушиме рускиот план за напад, рече Зеленски.

Шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), Кирило Буданов, претходно изјави дека Украина треба да очекува обновен руски напад кон крајот на пролетта или почетокот на летото, а нападот ќе се интензивира околу источниот регион Донбас.

Часив Јар, град во регионот на Доњецк, останува една од клучните цели на Русија бидејќи може да го олесни понатамошниот напредок кон блиските градови Костантинивка, Краматорск и Славјанск, изјави Олександр Пављук, командант на украинските копнени сили.

Тој додаде дека руските сили имаат за цел целосно да ги стават под контрола регионите Доњецк, Луганск и, ако е можно, Запорожје во 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.