Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да одговори на провокациите во источниот регион Донбас и дека ќе се обиде да воспостави мир преку дипломатски пат.

Не одговараме на провокации и се обидуваме да воспоставиме мир исклучиво преку дипломатија, напиша Зеленски на својот Инстаграм профил.

Зеленски отпатува во Германија за да присуствува на Безбедносна конференција во Минхен, додека неговата земја се подготвува за евентуален воен напад од Русија, која има распоредено повеќе од 100.000 војници во близина на украинските граници.

Русија ги отфрла тврдењата дека планира инвазија врз Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.