Денес Украина се бори за својата слобода и независност, но успехот на нашата борба не зависи само од нашата држава, туку и од сите земји од цивилизираниот свет. Ова го изјави Претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за ABC News.

„Да кажеме колку можеме да издржиме – многу работи не зависат само од нас. Ние ќе издржиме. Дури и да влезат во сите градови, ќе има патизанска војна. Никој нашата слобода и независност нема да ги даде. Денес – тука, утре – балтичките земји, задутре – Полска, потоа – Германија“, рече Претседателот на Украина.

Според Володимир Зеленски, за време на разговорот со американскиот Претседател Џозеф Бајден, тој го дискутираше прашањето за поддршка на Украина на небото.

„Сакаме паритет на небото, барем така, за да има рамнотежа. Не можеме да и даваме предност само на Руската Федерација, бидејќи таа нас не бомбардира, пука, фрла бомби, лансира ракети, борбени хеликоптери, борбени авиони – многу работи. Ние не го правиме тоа затоа што немаме небо, ние не го контролираме“, рече претседателот.

Тој истакна дека Украина се обратила до САД и другите земји со молба да обезбедат воени авиони од советско производство кои се наоѓаат на територијата на Полска.

„Го проучивме ова прашање, знаеме каде се наоѓаат овие авиони од советско производство, во кои земји. Ги побаравме. И сега многу од ова прашање зависи од Соединетите Американски Држави“, рече Претседателот.

Володимир Зеленски истакна дека претседателот на САД може да вложи дополнителни напори за решавање на ова прашање.

„Убеден сум дека претседателот може да направи повеќе. Сигурен сум дека може. И сакам да верувам дека тој е во состојба да го направи тоа“, рече Володимир Зеленски.

Тој нагласи дека Украина денес е место на слобода во срцето на Европа, а нашата земја има потреба од заштита од сите земји кои споделуваат такви вредности.

„На сите им се чини дека ние сме далеку од Америка, од Канада или од некое друго место. Не. Ние сме слобода. И кога ќе се преминуваат границите на овие права и слободи, мора да бидеме заштитени. Затоа што прво – ние, а потоа – вие. Така е секогаш. Апетитот доаѓа со храна – и тој е се посилен“, рече Претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.