Пријателка и сосетка на семејството на Володимир Зеленски стана шеф на највисокото тело за борба против корупцијата во Украина

Украинскиот парламент ја назначи Олга Пишчанскаја, која беше соседка на Зеленски во неговиот роден град, Кривој Рог, за претседател на Сметководствената комора, врховната ревизорска институција во земјата. Пратеничката на украинскиот парламент – Радата, Ирина Герашченко, тоа го нарече „срам и непотизам“.

Сестрата на Пешанскаја, Светлана е пријателка на сопругата на претседателот Елена Зеленскаја. Новинарските истраги покажаа дека вилата на семејството Зеленски во Италија е регистрирана на името на Светлана. Таа беше и меѓу донаторите на изборната кампања на претседателот.

Сметководствената комора е државен орган кој во име на Радата врши контрола врз протокот на средства во државниот буџет на Украина и нивното користење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.