Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата изјави дека Cеверна Кореја се приклучува во војната во Украина.
Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Cеверна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.
Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.
Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.