Украинскиот претседател Володомир Зеленски вонредно обраќање рече дека во цела Украина е воведена вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат смирени.

Во краткото видео обраќање објавено од Министерството за одбрана на Украина, Зеленски рече дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и украинските граничари, при што се слушнале експлозии во многу градови низ земјата.

Денес изутрина Русија започна нова воена операција против нашата држава. Ова е неоправдана лажна и цинична инвазија. Се извршуваат удари врз воени и други важни одбранбени објекти, нападнати се гранични единици, ситуацијата во Донбас е деградирана. Вооружените сили на Украина, сите специјални и органи на прогонот на државата се во готовност. Советот за национална безбедност и одбрана работи во итен режим. Ќе биде воведена воена состојба. Нашите дипломати го информираат светот за тоа што се случува. Украинците никогаш никому нема да ја дадат својата слобода и независност. Само ние самите, сите граѓани на Украина, од 1991 година ја одредуваме нашата иднина. Но, сега се решава судбината не само на нашата држава, туку и тоа, каков ќе биде животот во Европа, вели Зеленски.

Тој додава дека од чесниот и праведен одговор на светот на оваа агресија зависи дали ќе остане барем нешто од силата на меѓународното право.

Цивилните граѓани на Украина треба да останат дома. Предупредете ги вашите најблиски за тоа што се случува. Грижете се за оние на кои им е потребна помош. Сите мисли и молитви се со нашите војници. Слава на Украина, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.