Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека руските воздушни напади од 10 октомври уништиле 30 отсто од украинските електрани.
Зеленски на Твитер напиша дека нападите предизвикале масовни прекини на струја низ Украина и дека „не останал простор за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски ја обвини Русија за убивање и тероризирање цивили, по воздушните напади врз украински градови.
Руските сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев, а регистрирани се неколку експлозии во градот. Без струја и вода остана градот Житомир, тврдат украински претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.