Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе има мир во Украина до Велигден следната година, обраќајќи им се на Украинците откако многумина во земјата го прославија Велигден по вторпат од почетокот на руската инвазија.

– Идната година Цветници нека помине во мир и слобода за целиот наш народ, рече украинскиот претседател во својата дневна видео порака.

– Нека се слушнат искрените молитви за мир на сите кои денес го слават Велигден, изјави Зеленски.

Како и другите членови на украинското раководство, Зеленски им посака среќен Велигден на Украинците кои, како христијаните на Запад, го славеа воскресението на Исус.

Во Украина, се повеќе христијани сега ги слават празниците според грегоријанскиот календар, а не според стариот јулијански календар на Руската православна црква.

Традиционално, православните христијани во Украина ги славеа црковните празници на ист начин како и во соседна Русија. По целосната руска инвазија на Украина пред повеќе од една година, јавната дискусија за промена на црковниот календар стана посилна со цел уште повеќе да се разликуваат од Русија.

– Секој светол христијански празник не учи дека можеби не знаеме како, но мора да бидеме сигурни дека злото ќе изгуби, рече Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.