Украинската тајна служба по наредба на украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидел да го убие рускиот лидер Владимир Путин, тврди германскиот таблоид „Билд“.
Атентатот требало да го изврши камиказа дрон натоварен со 17 килограми пластичен експлозив, за време на турнејата на Путин во индустрискиот парк во близина на Москва. Планот, сепак, пропаднал бидејќи на дронот останал без гориво и паднал на дваесетина километри од целта и затоа што Путин всушност не бил во технолошкиот парк.
Станува збор за инцидентот кој наводно се случил во неделата, кога украинскиот дрон „UJ-22 airborne“ беше пронајден во шумскиот појас Подмосковље во областа Богород, каде што се урнал, најверојатно затоа што останал без гориво. Дронот, кој носел експлозив М112 од канадско производство, требало да погоди некои од „стратешки важните објекти во руската престолнина“, но германските новинари сега тврдат дека тоа всушност требало да го елиминира лидерот на Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.