Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но „нема да направи никаков компромис за руската позиција за време на овие преговори“, изјави заменик шеф на Кабинетот, за Си-Ен-Ен.

Иако разговорите меѓу украинските и руските министри за надворешни работи, одржани вчера   во   Анталија, не донесоа никаков голем напредок, Украина не беше премногу оптимист од самиот почеток, рече Ихор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.

„Ова е навистина добра работа што тие се сретнаа, но за жал можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука да се запре војната, да се направи прекин на огнот, да се повлечат војниците ја носи само едно лице“, рече тој, очигледно мислејќи на Путин.

Жовква рече дека иако Зеленски е подготвен за дипломатско решение, тој не се слушнал лично со рускиот претседател или со неговите помошници.

„Последното нешто што го слушнав од нив беше дека се уште треба да работиме во формат на две делегации… Но, погледнете, дури ни договорите постигнати за време на овие преговори не се одржуваат“, рече Жовква, укажувајќи на хуманитарните коридори во Украина

Жовква рече дека Украина е отворена за неутралност „доколку НАТО блокот засега не е подготвен да ја прифати Украина“.

„Но, во исто време, ни требаат тешки безбедносни гаранции за Украина, така што овие ужасни војни, оваа страшна агресија да не се повторат во иднина“, додаде тој.

Жовква рече дека Украина сака да соработува со Путин и нејзините соседи за да воспостави систем што тој го нарече „обновен безбедносен систем на Европа“.

„Мојата земја, украинскиот народ заслужува да стане дел од европското семејство… Украина се бори за безбедноста на цела Европа. Значи, кога (францускиот) претседател (Емануел) Макрон зборува за можна европска безбедност, како може да зборува без да го има претседателот Зеленски на маса? Без да ги имаме претседателот Зеленски и Украина во Европската унија?“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.