Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека Русија нема право да ја претвора нуклеарната енергија во оружје, како и да „го уценува светот со употреба на нуклеарно оружје“, јавија странски агенции.

Зеленски вчера, на 36-годишнината од трагедијата во Чернобил, изјави дека светот повторно е само на чекор од катастрофа, затоа што, како што наведе, „за руските сили таа нуклеарка е само уште една борбена зона каде што не се грижат за нуклеарната безбедност“.

На заедничката конференција со Зеленски, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, нагласи дека МААЕ ќе продолжи да работи на обнова на капацитетот и на инфраструктурата, оштетена изминатите недели.

– И покрај сите тешкотии, важно е да гледаме кон иднината, во моментот кога Украина повторно ќе има мир и безбедност, тоа што го заслужуваат сите граѓани на оваа земја, истакна Гроси



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.