Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во моментов контролира 20 отсто од територијата на Украина.

Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбено подготвени руски воени формации се вклучени во оваа агресија – изјави Зеленски во видео-обраќањето во Парламентот на Луксембург, пренесува Ројтерс.

Зеленски додаде дека линијата на фронтот се протега на повеќе од 1.000 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.