Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање се осврна на актуелните настани во Русија. Тој рече дека оваа ситуација покажува дека Русија е во целосен хаос и му порача на Западот дека сега е добро време да испрати оружје во Украина.

Зеленски оцени дека бунтот на платеничките трупи на Вагнер во Русија го разоткри целосниот хаос во земјата. – Денес светот може да види дека господарите на Русија не контролираат ништо. Воопшто ништо. Едноставно, целосен хаос. Отсуство на каква било предвидливост, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Тој потенцираше дека Украинците нема да молчат, нема да останат неактивни и дека „безбедноста на источното крило на Европа зависи исклучиво од нашата одбрана“.

Обраќајќи му се на Путин, Зеленски рече: „Колку подолго вашите војници ќе останат на украинска територија, толку повеќе ќе и донесат уништување на Русија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.