За време на посетата на регионот Харков, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го отпуштил локалниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ) поради „неуспех во одбраната од првите денови на руската инвазија“.

Стигнав, разбрав, го отпуштив шефот на СБУ за регионот Харков бидејќи тој не работеше целосно на заштитата на градот од првите денови на војната, туку мислеше само на себе. Кои се мотивите ќе ги утврдат органите на прогонот – изјави Зеленски.

Украинскиот претседател им се заблагодари на раководството на регионот и градот за нивната ефикасна работа во услови на војна.

Војската, полицијата, градоначалникот на Харков, регионалната државна администрација беа и остануваат заедно со жителите на Харков, заедно со Украина и, што е сега важно, заедно едни со други. За жал, тоа не може да се каже за локалното раководството на СБУ – истакна Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.