Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека војната со Русија е во нова фаза, а зимата се очекува да ги комплицира борбите по летната контраофанзива која не ги даде посакуваните резултати.

Сепак, и покрај неуспесите, Зеленски вели дека Украина нема да се предаде.

Имаме нова фаза од војната и тоа е факт. Зимата е генерално нова фаза на војна“, изјави Зеленски во интервју за Асошиетед прес, дадено во Харков, североисточна Украина.

Прашан дали е задоволен од резултатите од контраофанзивата, тој не даде дефинитивен одговор.

Видете, ние не отстапуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората (најсилна) армија во светот, јас сум задоволен. Губиме луѓе, не сум среќен. Не го добивме целото оружје што го сакавме, не можам да бидам среќен, но не можам премногу да се жалам“, рече тој.

Зеленски, исто така, изрази загриженост дека војната меѓу Израел и Хамас се заканува да го засени конфликтот во Украина, бидејќи конкурентните политички агенди и ограничените ресурси го ставаат на ризик протокот на западна воена помош за Киев.

Долгоочекуваната контраофанзива на украинските сили, поддржана од десетици милијарди долари западна воена помош, вклучително и тешко вооружување, не ги донесе очекуваните резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.