Русите го заземаа воениот аеродром Гостомел, кој се наоѓа на околу 40 километри од Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи им дека ќе им биде вратен на Украинците.
Зеленски рече дека руските сили го зазеле аеродромот, но падобранското слетување на тој аеродром било блокирано, бидејќи украинската армија добила наредба да ги „уништува“ руските сили.
Украински воен функционер, кој претходно денеска изјави дека на аеродромот во тек се борби, изјави дека ситуацијата е „затегната“ и на југот на земјата, каде се водат битки за градовите Геническ, Скадовск и Чаплинка во Херсонската област во близина на црноморскиот полуостров Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.