Претседателот на Украина Володомир Зеленски во објава на Твитер соопшти дека остварил телефонски разговор со премиерот на Бугарија Кирил Петков, пренесува БГНЕС.
„Имавме конструктивен разговор со премиерот Кирил Петков. Се разговараше за текот на спротивставувањето на агресијата, како и за критичната хуманитарна ситуација во украинските градови и села. Заедно мораме да ја запреме хуманитарната катастрофа“, напиша Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.