Русија ја започна својата долго најавувана, целосна офанзива за да ја преземе контролата врз источниот дел на Украина, објави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сега веќе можеме да констатираме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време, рече тој во видео обраќањето.
Зеленски рече дека „значаен дел од целата руска армија сега е концентриран на оваа офанзива“.
Неговите коментари следат по предупредувањата од други високи функционери дека Русија во понеделникот го започна својот долгоочекуван напад врз источниот регион.
Почна втората фаза од војната, рече шефот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски.
Забелешките на Андриј Јермак го повторија предупредувањето дадено од највисокиот безбедносен функционер на Украина дека Русија ја започна својата нова офанзива на исток во понеделникот наутро.
Обраќајќи им се на Украинците, Јермак напиша на апликацијата за пораки Телеграм.
Верувајте во нашата армија, таа е многу силна.
Донбас е претежно рускојазичното индустриско срце на Украина на исток, каде што сепаратистите поддржани од Москва се борат против украинските сили во последните осум години и прогласија две независни републики кои беа признати од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.