Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за какви било мировни преговори со Москва без претходно повлекување на руските трупи од територијата на Украина.

Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и пукаат во нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, па ќе видиме, рече тој.

На прес-конференцијата одржана во Лвов, во западниот дел на Украина Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.