Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не знае дека постои документ ниту видел документ во врска со мировни преговори што Кремљ вели дека го испратиле во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека на 15 април до украинските власти бил испратен нарт мировен договор, но дека се уште не добиле одговор.

-Топката е во нивно поле, Русија сега чека на одговор, изјави Песков.

Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.