Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на лидерите на Европската Унија дека последниот пакет санкции против Русија сè уште не е доволен.
Би сакал да му се заблагодарам на целиот свет, на ЕУ, лично на Урсула фон дер Лајен, за петтиот пакет санкции, но мислам дека тоа не е доволно, рече тој во Киев на средбата со шефицата на Европската комисија и првиот европски дипломат, Жозеп Борел.
„Зошто“, праша тој. „Затоа што Русија ни одзеде многу, територија, луѓе… Додека Украина може да врати територија, таа не може да ги врати луѓето во живот“, додаде Зеленски.
Ве молиме продолжете да ни помагате со санкциите, додаде украинскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.