Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од Западот борбени авиони и противвоздушни ракети.
Нашите партнери ги имаат и тие собираат прашина за нив. Тие се неопходни не само за слободата на Украина, туку и за слободата на Европа – изјави Зеленски.
Тој порача дека Литванија, Летонија, Естонија, Полска и Словачка може да се соочат со напад од Русија, „бидејќи во хангарите чуваат еден процент од борбените авиони и тенкови на НАТО“.
Само еден процент. Не бараме повеќе од тоа и чекаме 31 ден – изјави Зеленски.
Тој додаде дека Украина не може да соборува руски ракети со пушки и митралези што ги добиле од Запад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.