Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напредокот на Русија во источна Украина е само привремен.
Како што јави Би-би-си, Зеленски во дневното обраќање рече дека во јужниот и источниот дел на Украина окупаторите сè уште прават сè што можат за да имаат причина да зборуваат за победи.
– Тие акумулираат сили, испраќаат нови тактички групи во нашата земја. Тие дури се обидуваат да иницираат таканаречена мобилизација во окупираните региони на Украина, рече Зеленски.
Тој, сепак, рече дека ниту една од овие мерки нема да и помогне на Русија во војната против Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.