Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на Претставничкиот дом на САД, како и лично на неговиот претседател Мајк Џонсон, откако беше одобрена воената помош за Украина.

„Благодарен сум на Претставничкиот дом на САД, и на двете партии, и лично на претседателот (на Претставничкиот дом) Мајк Џонсон за одлуката што е на вистинскиот пат на историјата, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Помошта за Украина, која беше изгласана посебно, е во рамки на предлог-законот за воена помош за Израел и за Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.

„Клучниот американски закон за помош на Украина го усвои Претставничкиот дом, што ќе спречи ширење на војната, ќе спаси илјадници животи и ќе им помогне на нашите нации да бидат посилни“, посочува Зеленски.

Тој додаде дека се надева дека законот ќе биде поддржан во Сенатот и ќе биде испратен до американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Америко, ти благодарам“, напиша Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.