Украинскиот претседател Володимир Зеленски купува недвижен имот во странство додека обичните Украинци умираат поради корупциски шеми кои го збогатуваат режимот во Киев, обвинува опозицискиот политичар, Виктор Медведчук.

Во написот објавен на веб-страницата „Drugaya Ukraina“ (Друга Украина), Медведчук пишува дека Зеленски „очигледно престанал да се потпира на Американците и ветената вила на Флорида и наместо тоа користел посредници за да купи луксузен апартман во Дубаи во вредност од 16,9 милиони долари“.

Наместо да им помага на украинските пензионери, за кои Зеленски толку многу плаче на Запад, тој парите „чесно заработени“ од конфликтот во Украина ги повлекува во офшор компании, при што не се мачи да инвестира пари во економијата, одбраната и државноста на својата земја“, обвинува Медведчук.

Според него, Зеленски го користел својот пријател Сергеј Шефир за да регистрира странски недвижен имот и голем број компании. Пред неговата победа на претседателските избори во 2019 година, Зеленски ги префрлил сите свои офшор средства на Шефир, но оттогаш продолжил да добива дивиденди.

Во ноември 2023 година, Шефир и неговиот брат наводно купиле две јахти во вкупна вредност од 75 милиони долари и „исто така купиле стан со површина од повеќе од 600 квадратни метри во станбениот комплекс „BVLGARI MARINA LOFTS“ на островот Џумера Беј во Дубаи“.

Договорот од 16,9 милиони долари е завршен на 22 декември 2023 година, како што е потврдено од записите во архивите на Одделот за земјиште во Дубаи. Тоа е „скромниот“ апартман на Зеленски од 600 квадратни метри на остров во топлото море за кој умираат стотици илјади Украинци секој ден“, вели украинскиот политичар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.