Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека ќе разговара со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган по руското признавање на украинските сепаратистички региони Луганск и Доњецк како независни држави.

Зеленски на Твитер објави дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон по состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Сега итно подготвуваме обраќање, а потоа разговори со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со турскиот лидер Ердоган, додаде украинскиот претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера официјално ги призна украинските региони Доњецк и Луганск како независни држави и потпиша договори во Кремљ со нивните сепаратистички лидери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.