Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува в сабота во Ватикан да се сретне со папата Франциско, соопштија денеска дипломатски извори за западни медиуми.

Планираното патување, кое не е официјално објавено, би се реализирало само две недели откако поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека учествува во мировна мисија за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Папата не даде детали за иницијативата.

Во моментов нема коментар од украинска страна за евентуалната посета.

Италијански дипломатски извор потврди дека Зеленски би можел да дојде во Рим викендов и да се сретне со премиерката Џорџа Мелони. з



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.